Интервју со Игор Давков: Инспирација за „Ист Гејт“ – еден од најголемите центри во регионот се градот и луѓето во Скопје

Скопје Ист Гејт е повеќенаменски комплекс со вкупна површина од 500.000m2, на кои ќе се простираат трговски центар со вкупна изградена површина од 160.000м2, 10 станбени згради со вкупна продажна површина од 104.00м2 и понуда од 1600 станбени единици, како и пет деловни згради со вкупна изградена површина од 90.000m2. Комплексот планирано е да биде готов оваа есен за кога е планирано отворање на истиот. Ова, но и многу други работи во интервју за Скопје Инфо ги открива Игор Давков, Извршен директор на Скопје Ист Гејт.

Во која фаза во моментов е изградбата на комплексот East Gate? Како се одвиваше целиот процес на градба?

Процесот на градба се одвива според планираното. Габаритните градежни работи се завршени, како и поголем дел од системските инсталации. Градежниот тим ги спроведува завршните активности и во моментов фокусот е на внатрешните занаетчиски работи. Потоа останува да се опреми ентериерот на заедничкиот простор. Закупците ќе можат да почнат со внатрешното уредување во текот на јуни, процес што е планирано да трае четири месеци. Таргетираниот период на отворање на трговскиот центар е оваа есен.

Започнавте една голема инвестиција пред почетокот на пандемијата, колку пандемијата ги промени плановите и тековите во реализација на овој проект?

Пандемијата го промени начинот и навиките на кој работиме и имаше влијание на иницијално планираната динамика на фазите на градба. Поминавме низ еден сложен процес на преаранжирање на динамиката на проектот со цел да се реализираат сите фази од изградбата на центарот и проектот да биде завршен оваа есен.

Може низ бројки на кратко да ја доловиме „грандиозноста“, „големината“ и „сериозноста“ на проектот?

Скопје Ист Гејт се вбројува во најголемите инвестиции во секторот недвижнини и претставува една од најголемите приватни инвестиции во моментот на македонскиот пазар во овој сектор. Скопје Ист Гејт е повеќенаменски комплекс со вкупна површина од 500.000m2, на кои ќе се простираат трговски центар со вкупна изградена површина од 160.000м2, 10 станбени згради со вкупна продажна површина од 104.00м2 и понуда од 1600 станбени единици, како и пет деловни згради со вкупна изградена површина од 90.000m2.

Ист Геј Мол со бруто површина за изнајмување од 57.000м2, во која свои продавници треба да отворат над 250 брендови ќе биде најголемиот трговски центар во јадрански и јонски регион.

Кој го изведуваше дизајнот и архитектурата?

Архитектонско решение е инспирирано од духот и енергијата на градот и луѓето во Скопје, а дизајнот му беше доверен на светски познатиот архитект Керем Јазган и неговиот тим од Јазган Дизајн Студио. Нивната филозофија за смарт архитектура е вградена во целиот комплекс а посебно во Ист Гејт Мол.

Екстериерот е во комбинација на бетон, метал, метални текстури и стакло, а внатрешниот ентериер ќе биде од природни материјали и зеленило со изобилие на природна светлина што ја чини прошетката низ центарот како во надворешна средина. Брзата комуникацијата во трговскиот центар е многу важна за еден посетител, и затоа Ист Гејт Мол располага со многу можности за лесно и едноставно движење низ центарот и пристапност до сите ногови делови.

Зелените појаси и парковите околу Ист Гејт Мол покриваат простор од приближно 12.000м2 и го прават предворјето, влезот, терасите на рестораните и кафетериите идеално место за собирање, или за одмор или релаксација по шопингот.

Ист Гејт Мол треба да стане новиот стандард за потрошувачко искуство, инајќи го предвид миксот на закупци  изборот на услуги, иновации, модерна етериерна нота и оригиналност.

Станува збор за регионален шопинг и деловен центар, каков бенефит ќе донесе тој за Скопје и за регионот?

Со Скопје Ист Гејт, Скопје ќе  добие нов модерен лик.

Со Ист Гејт Мол ќе створиме работа за 2.500 луѓе. Дополнително овој трговски центар ќе придонесе за развој на локалната економија, затоа што центарот по својата физиономија е способен да ги привлече и домашните купувачи кои вообичаено оделе во моловите во соседните држави. Дополнително наше очекување е дека трговскиот центар ќе биде дестинација за транзит туристи кои ја користат Македонија како коридор кога патуваат во Грција и Турција. По наши проценки се работи за приближно 7 милиони потенцијални посетители годишно. Во овој контекст вкупниот очекуван промет во трговскиот центар се очекува да биде на ниво од приближно 120 милиони евра годишно. 

Може ли за читателите на Скопје Инфо да откриете дали има некоја новина од аспект на понудата, кои се брендови ќе може да ги сретнеме во новиот шопинг мол?

За Скопје Инфо можам слободно да кажам дека Скопјани добиваат ново омилено место за секој ден и за секој дел од денот. Ист Гејт Мол ќе биде незаборавно искуство кое сите ќе сакаат да го повторуваат.  

Со цел да се овозможи комплетно искуство во Ист Гејт Мол планираме забава и шопинг на едно место, како и добра гастрономска понуда која станува се поважна за посетителите на моловите.

Сегментот на мода ќе се простира на повеќе од 50%, а забавните содржини ќе окупираат скоро 20% од од површината на целиот трговски центар. Посетителите освен избор на уникатни продавници, ќе имаат пристап до услуги, игротека, 8 кино сали, 7 фини ресторани, оддел за брза храна со 800 места, хипер маркет, салони за мебел и бела техника.

Ист Гејт Мол ќе ја има најголемата ZARA во регионот која ќе се простира на 4.800м2 со супер нов формат на стоковна куќа на две нивоа. Брендот Massimo Dutti ги носи сите свои колекции и ќе се претстави на импозантна површина на почетокот на главниот булевар, а ZARA HOME и OYSCHO ги отвораат своите први продавници токму во Ист Гејт. Со ова сите брендови на ИНДИТЕКС заедно со Berschka, Stradivarius, Pull and Bear, ќе ги има на едно место во Ист Гејт Мол.

Дополнително полската модна куќа LPP, со целосно портфолио Reserved, Mohito, Cropp, House, Sinsay, ги отвора своите први продавници во земјава преку Ист Гејт.   

Ист Гејт Мол носи уникатни брендови чии продавници ќе се наоѓаат само на неговата територија. Новост е дека италијанската реномирана козметичка бренд линија KIKO Milano, , познатиот синџир на кафе ресторани PAPA’s Café и првиот салон за покуќнина и аксесоари за домот MADAM COCO доаѓаат во Ист Гејт Мол.

Хипермаркетот е единствениот маркет во трговскиот центар и тој простор го закупува македонска компанија со долгогодишно искуство во индустријата.

Склучивме договор со компанијата ТИНЕКС  која ќе настапи со комбиниран формат на Супер Тинекс и сегментот на Тинекс Деликатесен со одбран асортиман. Хипермаркетот кој ќе го оперира Тинекс, се простира на 2.000м2 и се вбројува во таканаречените ,,анкори” закупци кои се реномирани на пазарот и привлекуваат голем број на купувачи.

Социјалните мрежи на @EastGateMall се активни од почетокот на годинава и се многу посетени. Сите новости и брендови ги објавуваме таму, како ги потпишуваме договорите со секој од нив.  

Во Скопје и во регионот во последниот период се отворија низа различни шопинг центри, како ќе го приклекувате вниманието и интересот на потрошувачите?

Ист Гејт Мол со својата големина од 57.000м2 бруто површина за изнајмување и повеќе од 250 закупци, се вбројува во најголемите трговски центри во регионот, како според број на трговски единици така и според содржините кои ќе бидат понудени. Со овие параметри Ист Гејт Мол се позиционира како регионален центар кој има т.н. ,,catchment area” (област на привлекување) на растојание од приближно 1.30 до 2 часа.

Ист Гејт Мол има усвоено маркетинг стратегија со која цениме дека ќе го обезбеди очекуваното ниво на посетеност на трговскиот центар како од домашни така и од посетители од странство. Дополнително креираниот микс на закупци ќе биде основа трговскиот центар да има доминантна регионална позиција во однос на сличните проекти во регионот.    

Проектираната посетеност на трговскиот центар се очекува да изнесува од 12 милиони посетители годишно.

East Gate Living e дел од целиот комплекс, што ќе понуди тој и каков е интересот за овој проект?

Ист Гејт Ливинг е модерен станбен комплекс на 10 згради со автентичен дизајн. Ова се први и единствени згради во моментов, кои се со ,,потпис на светски дизајнер”. Со Ист Гејт Ливинг сакаме да поставиме нови стандарди на полузатворен комплекс, со потребно растојание од 50 метри простор и можен паркинг само во рамки на подземните паркинзи. Зградите располагаат со сопствени зелени паркови и детски игралишта.

Сите единици во Скопје Ист Гејт се одликуваат со автентичен изглед, невообичаеност и оригиналност. Резиденциите се дел од повеќенаменскиот комплекс, и во непосредна близина на Ист Гејт Мол кој ќе претставува новиот центар на градот, а таквиот имот секогаш има поголема вредност која расте низ годините. И заради сите овие параметри, интересот е огромен.

Ист Гејт Ливинг во прва фаза ќе изгради 4 згради со 14 и 12 ката, и ќе има 672 стана на понуда. Становите се супер комфорни и се нудат во квадратури од еднособни се до петособни станови. Дизајнирани се со пространи основи за да соодветсвуваат на сечија потреба. Има оригинален избор како на пример станови со сопствена градина од 60м2, дуплекс станови на две нивоа, станови со метрополитанско големи тераси.

Кои се следните планови по отпочнувањето со работа на East Gate?

Плановите на Скопје Ист Гејт во рамки на следните пет до седум години се во понатамошниот развој на проектот. Фокусот е на градбата на резиденцијалните згради со вкупна продажна површина од 104.000м2 со понуда од 1.600 стана, и на 5 бизнис центри долж булеварот ,,Пријателство”.