Интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show 2024“

„Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето - форма на уметност која има долга историја и различни културни значења низ светот. Од традиционалните тетоважи до авангардните и модерни стилови, овој настан ќе понуди по нешто за сите љубители на визуелната уметност и оние кои го препознаваат значењето на телото како платно за креативно изразување. Настанот ќе ги обедини некои од најдобрите тату артисти од регионот и пошироко, претворајќи го градот во вистинска уметничка галерија“, се вели во соопштението на организаторите.

Од организацијата додаваат дека Skopje Tattoo Show 2024 ќе им понуди на посетителите и единствена можност да бидт сведоци на живи перформанси на некои од најдобрите тату артисти од светската сцена, кои ќе ги демонстрираат своите вештини и креативни способности пред публиката. Освен тетовирањето, програмата ќе биде збогатена и со одржување на работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живо, кои ќе овозможат интеракција помеѓу публиката и уметниците.

Настанот е од компетитивен карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари и на самиот крај од деновите ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории.