Интернационална изложба на 10 автори во КИЦ

Во ЈУ Културно информативен центар – Скопје, во Изложбениот салон– Империјал 2 , вечерва (15 ноември) во 20 ч. ќе се отвори интернационалната Кичевска ликовна колонија 2018.

На изложбата ќе бидат изложени дела од 10 автори – учесници на Интернационалната Кичевска ликовна колонијата 2018 год. од земјите: Македонија, Србија, Бугарија, С.Кипар и Канада.

Изложбата ќе биде отворена до 27. ноември.