„Интермецо“ во сабота ќе ги чисти парковите во Капиштец

Познатиот скопски бар „Интермецо“ по повод светскиот ден на чистењето, оваа сабота организира еколошка акција.  

Акцијата ќе трае од 9 до 12 часот и во нејзини рамки ќе се чистатат парковите во скопската населба Капиштец.

Од таму ги покануваат оние кои сакаат да бидат дел од оваа акција пред нејзиниот почеток да подигнат ракавици и маица кои ќе бидат оставени во барот.