
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски информираше дека интензивно се работи на реконструкцијата на улицата „14“ во населено место Горно Соње.
„Со континуирана работа на терен и внимателно следење на сите фази од изведбата, ја унапредуваме патната инфраструктура и создаваме побезбедни и поквалитетни услови за секојдневно движење на жителите“, истакна Мицевски.
Тој порача дека ќе продолжат посветено, чекор по чекор, со реализација на проектите, за кои вели дека значат подобар живот за граѓаните на Општина Сопиште.