Интензивно се гради паркот во Мичурин

Општина Аеродром интензивно работи на изградба на паркот што се наоѓа во срцето на Мичурин.

Како што информираат од Општината, жителите ќе добијат модерно уредено место со тревни површини, патеки, клупи за одмор, детско катче со лулашки, како и спортско игралиште.

Вавки места за одмор и рекреација ќе продолжат да се градат и на други локации, велат општинските власти.