Интензитетот на сообраќајот умерен, зголемен метеж и чекање на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Според камерите на Јавното претпријатие за државни на граничните премини Табановце и Богородица се забележуваат зголемен метеж на возила. Според тоа што може да се види на камерите подолго чекање се забележува на граничниот премин Табановце кон Србија, додека кон Грција возилата за кратко време ги завршуваат потребните административни процедури на граничниот премин. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.