Инстант нудли со сос од мајонез

Ова инстант јадење стана хит на ТикТок, а многу од познатите готвачи на социјалните мрежи веќе го испробаа. 

Подготовката е многу едноставна. Нудлите од едно пакетче ги варите во зовриена вода. Во меѓувреме, на дното на длабоката чинија ставате мајонез и кесичките од пакувањето, земате малку од зовриената вода и ги мешате. 

Потоа ги ставате сварените нудли, зачинувате и додавате од омилените додатоци. 

Секако, мајонезот не е нешто што секојдневно треба да биде вклучено во вашата исхрана, но можете понекогаш да си ја дозволите оваа комфорна храна. Ако сакате да добиете супа, ставете повеќе од течноста во која се вареа нудлите.