Инстаграм фотографии: На авантурите низ Македонија им нема крај - кампување во зима под отворено небо

Престој под отворено небо и тоа во зима на снег. За многу ова изгледа будалесто и невозможно, но има и такви кои навистина знаат да уживаат. 

Иако Македонија се уште не може да се пофали со многубројни места за кампување, особено во зимски период, сепак љубителите на камп туризмот постојано си наоѓаат нови места, каде се сместуваат и уживаат. 

Добар шатор, топла облека, топли пијалоци и храна, соодветна опрема е сето она што е потребно за да се препуштите и да уживате. 

За авантуристите ова е прекрасно, а истите постојано споделуваат фотографии на Инстаграм, со цел да доловат колку всушност сето тоа изгледа прекрасно.