
Дали за отпадот низ Скопје кој веќе цел месец ги мачи жителите ќе има одговорност? МВР „тресе“ низ институциите, откако вчера Владата наложи вонреден надзор поради кризата со ѓубрето.
На социјалните мрежи, скопјани покренаа се мобилизираат за приватно, како жители кои плаќаат за услугата за собирање смет, да покренат тужби кон одговорните за оваа еколошка катастрофа.
И од Македонското здржение на млади правници (МЗМП) поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор со фото докази со тајмстамп.
- Наместо акција, добивме службен одговор дека „околу садовите за смет немаше ѓубре“. По овој одговор, превземавме и други дејствија и постапката е во тек. Во линија со моменталните околности, јавно го споделуваме овој процес со јавноста со надеж дека ќе ги поттикнеме граѓаните заедно да бараме институционална одговорност, велат од Здружението и додаваат:
-Скопје е наш град и наша е одговорноста да прашаме зошто не се реагира.
Оттаму повикуваат граѓаните да споделат фотки од отпадот со #НемаЃубре #АлоИнспекторе, со цел, заеднички да се најде решение за овој проблем кој е недозволлив во 21.век!