„Информер.рс“: 70.000 граѓани излегоа на улиците во Скопје, после бугарската, паѓа ли и македонската влада?! (фото)

-Медиумите јавуваат дека околу 70.000 граѓани вчера вечерта излегле на улиците во Скопје барајќи оставка од Владата, пишува Информер.рс.

Протестот го предводеше опозициската ВМРО ДПМНЕ која според анкетите е далеку пред владејачката СДСМ од каде што доаѓа премиерот Димитар Ковачевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка, заканувајќи се со целосна блокада на државата доколку власта не го послуша гласот на народот и не распише избори.

Тој остро се спротивстави на владиниот начин на преговори со Бугарија, од кој зависи напредокот на Македонија кон ЕУ.

– Дали македонската влада ќе падне по Бугарија, останува да видиме во наредните денови, пишува Информер.