Инфектологот Вело Марковски: Никако задолжителна вакцина против Ковид-10

Во гостување во емисијта „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, инфектологот Вело Марковски изјави дека во следната година вакцината за ковид-19 не треба да биде задолжителна.

На прашање дали тој лично би примил, Д-р Марковски, категорички рече „не“.

„ Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира.

Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе“ вели Марковски.

Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи, како што рече, власта не изградила никакви искуства.