Инцидент во Тетово: 31-годишник нападнал полицаец

Едно лице од Тетово доби кривична пријава поради напад на полициски службеник.

- СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(31) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“, информираат од МВР.

На 22.12.2022 во Тетово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.