Инцидент во Скопје: Куршум завршил во возило

Во текот на вчерашниот ден во 14:25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“ забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата, информираат од МВР.

При падот на зрното, во возилото немало никој. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.