Инцидент во Шутка: 18-годишник физички ја нападнал мајка си и оштетил покуќнина

Полицијата во Скопје постапувала по пријава за семејно насилство, откако 18-годишник физички ја нападнал својата мајка и оштетил дел од покуќнината.

- На 29.09.2026 година околу 12:00 часот во семејниот дом во Скопје, Д.И. (18) од Кочани физички ја нападнал својата 37-годишна мајка, при што оштетил и дел од покуќнината. Подоцна истиот ден, во 18:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со 18-годишникот, инфомрираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветна пријава