Инцидент во кочанско Зрновце: 19-годишник со остар предмет повредил возрасен соселанец

19-годишник од Кочани со остар предмет повредил 53-годишен соселанец.

- Вчера во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од село Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во село Зрновци со остар го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани. На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата. 

А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.