На 13.06.2024 во 19.30 во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, управуван од Т.Г.(50) од с.Петровец, скопско, З.А.(74), патник од Скопје паднал и се повредил.
Тој бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.