Инцидент пред ноќен клуб: Скопјанец се пресметувал со полицаец, му извадил и нож

Ноќва околу 3 часот во Градскиот парк во Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(36) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој физички нападнал и му се заканувал со остар предмет на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.