
Инцидент се случил ноќеска во скопска Кисела Вода. Две лица физички нападнале 25-годишник кој бил со девојката.
- На 06.12.2025 во 03:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(20) од Скопје поради тоа што околу 00:30 часот заедно со М.Д.(20) и Д.О.(19) физички ги нападнале М.М.(25) од Пробиштип и неговата девојка, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.