
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, се огласи повторно утрово по случувањата околу пожарот во Трубарево. Во Фејсбук статус, таа пишува за одговорноста околу издавањето на дозвола да има склад за отпад среде населено место.
„Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место. Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини, тоа е оној министер, ако се сеќавате, кој одговараше на новинари на англиски пошо не зборуваше ни македонски ни албански. Па после им рече на новинарите да си научат албански како што тој учи македонски“, напиша Ина.