Ина Многуфина за расправата во скопската зоолошка: Во Норвешка за вакво нешто ќе беше ред солзи, ред мрсули, со проценка на родителска способност

Видеото што го сподели негувателот од зоолошката градина во Скопје за кратката расправија со еден од присутните родители предизвика револтирани реакции на социјалните мрежи. 

Имено на видеото можеше да се забележат деца качени на оградата, при што негувателот бара од нив да се симнат долу, а еден од присутните родители наместо да го стори истото, тој го охрабруваше нивното однесување.

Реагираше и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина која напиша: „Го изгледав видеото од зоолошка каде некој лик му објаснува на вработениот дека имал он право да му се качуваат децата на ограда. Не знам кое право е тоа ама знам дека ако имавме социјални служби како што треба, денес ќе го викнеа на разговор. Во Норвешка за вакво нешто ќе беше ред солзи ред мрсули со проценка на родителска способност и времено одземање на деца, они се ептен друг левел за заштита на деца. Имал он право да му се качуваат децата на ограда во зоолошка. Бог да чува“ - гласеше фејсбук статусот на инфлуенсерката.