Ина Многуфина: По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава

Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“.

- После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.