Ина Многуфина: Не може само домаќинствата да штедат со кратко туширање и мало тенџерче...

Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече вчера портпаролот на Владата Душко Арсовски. Изјавата е во рамки на информативно едукативни активности под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“ што Владата ќе ги превземе во претстојнот период

Ќе презентираат корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат. 

Со коментар се јави инфлуенсерката Ина Многуфина, а нејзиниот Фејсбум став стана вирален. 

Еве што пишува таа на темава: 

-Штедиме заедно денес за да имаме утре, е слоганот со кој Владата од денеска со едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. "Кратко туширање ќе ве освежи и ќе ви заштеди струја, вода и пари, а од тоа сите ќе имаме корист". Ок до тука. Сега јас имам нешто нејасно, ако излезете надвор ноќе ќе водите дека сите објекти се со уклучени реклами, бензиските се ко Лас Вегас уште касата не им шљашти, салони и продавници затворени светат цела ноќ, реклами на згради светат 24/7, банки исто. Иде нова година ќе се кити ќе свети секој локал... па не може краткото туширање да заштеди толку колку што овие можат да потрошат. Ако важи штедење нека важи за сите, се што не е нужно нека не свети. Не може само домаќинствата да штедат со кратко туширање и мало тенџерче додека реклама или име на фирма свети цело време. Што е нужно у време на криза да го видам името на банка или осигурителна компанија? Па знам кај се, затворени се и не можам да завршам ништо ноќе кај нив. Нека се тушираат и они кратко.