Имаме најниско покачување на струјата во Европа, велат од ВМРО ДПМНЕ

Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, додаваат од владејачката партија, тврдеше дека во државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%.

„Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните“.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се извинат што, како што велат, го лажеа народот и граѓаните и споделуваа црни сценарија.