Има ли спас за Скопје? - Одговараат читателите на „СкопјеИнфо“

Веројатно, се навикавме на валкан, загаден и магловит град. Град во кој буквално не функционира ништо. Ова е секоједневната слика во главниот град во кој пола улици се полни со прашина, а другата половина се градат и реконстурираат и се причина за сериозна нервоза на возачите. 

Неколку сантиметри прашина, полно ѓубре, преполни контејнери – таква е сликата неколку месецина наназад.

Има ли спас за Скопје? - ги прашавме нашите читатели. 

Еве што велат тие.

-Ѓубрето не паѓа од небо.нели? Свеста и колективна одговорност речиси и не постои.10 комунални претпријатија не' не перат.. Скопје се гради без контрола, тука е прашањето за дилема..а ако во него живеат и циркулираат 1 милион, тоа треба и да издржи. Кривицата се знае. Неспособни неедуцирани и полни со фрустрации. Урбана димензија фали, е тоа, вели еден наш читател.

-Скопје е за догледно време трајно оштетен. Новото поглавје ќе се случи после следен Пиколомини или земјотрес кој ќе ги исправи сите неправди кои му ги нанесовме- ТИЕ, што го уништија и НИЕ- што гледавме и молчевме.
Но, лично мене, мала сатисфакција би ми била доколку помогнам во изградбата на една бесилка на Плоштад и јас да манипулирам со рачката со која би им се “заблагодарил” на гробарите на Скопје- неколку одговорни градоначалници, неколку урбанисти, оние инструирани советници кои ги менуваа криминално во полноќ дуповите итн итн. Слободно допишете некого на листата, е ставот на еден скопјанец на темава. 

-За жал, не сте единствени.. И кај нас во Белград е уште полошо (поради големина на градот, нели).. Нешто не функционира во градеви кај што живееме. Секоја година сме главни на листа "најзагадени градеви", вели една жителка на главниот град на соседна Србија. 

-Јас само не разбирам колите што димат како локомотиви како поминуваат технички...-се прашува една скопјанка. 

-Подитно да се забранат џамииштата грозни што окаат, ова е Европа а не Саудиска Арабија. Тоа што останало од турско ропство изградено на сила против волја на македонскиот народ све треба да се сруши, коментира друг читател.