Има или нема пешачки премин - граѓаните во двоумица кога треба да се послужат со хоризонталната сигнализација

Има или нема пешачки премин, полна линија е или не, граѓаните често се наоѓаат во двоумица кога ќе треба да се послужат со хоризонталната сигнализација во градот. 

Освен главните сообраќајници каде што е обележана, но исто така избледена сигнализацијата, останатите улици не може да се пофалат со обележани пешачки премини и надолжни линии на коловозот кои би биле приметливи.

Во најголем дел освен што помалите улици се не средени со дупки по асфалтот и крпеници, белите линии кои го насочуваат сообраќајот најчесто се неприметливи или целосно избришани од коловозот. Па често се случува некој пешак да поминува на место каде што линиите на пешачкиот премин се веќе избледени, но возачот кој првпат поминува по улицата не може да ги види или се претекнува на улица каде што полната линија ја нема. Избледената хоризонтална сигнализација ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Особено во катастрофална соостојба е хоризонатлната сигнализација на места каде што има градилишта, каде што улиците комплетно се оштетуваат, но ретко се враќаат во првобитната состојба.