Им се заканува ли клуч на македонските рудници?

Измените на Законот за минерални суровини, кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат во скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија со несогледливи финасиски последици.

Исто така законските измени ќе предизвикаат и финансиски последици, бидејќи со евентуално раскинување на договорите за концесии штетите би достигнале една до три милијарди евра. Од друга страна, ќе се загрози работното место на вработените во целокупната рударската индустрија кое што брои 13.500 вработени, а дирекниот извоз достигнува 180 милиони долари годишно.

Ова се дел од реакциите на Македонската асоцијација на рударство (МАР) од каде што посочуваат дека покрај тоа што рудниците се значајни за државата тие придонесуваат и за локалниот економски развој.

– Рударскиот сектор е под притисок и врз него се врши организирано влијание за да во идниот период работи уште полошо – реагира Николајчо Николов, претседател на МАР и дополнува дека законските измени се чудни, а уште почудно е што немаше јавна расправа, при што измените се туркаат по скратена постапка.

Според него МАР бара да се одложи донесувањето на законските измени, а Асоцијацијата, заедно со експерти од таа област, да учествува на расправата во собраниската Комисија за економски прашања.

Николов потенцира доколку вакви “опасни супстанции# бидат забранаети за употреба во рударската индустрија, како што се предлага со овие законски измени тоа ќе значи целосна блокада на работењето на сите рудници, вклучувајќи ги и оние за јаглен кои се неопходни во производството на електрична енергија.

Во предложените законски измени не се земени предвид фактите за користење на цилајниди и сулфурна киселина и во други индустриски гранки, вклучувајќи ги прехранбената индустрија, металургијата, фармацијата, хемиската индустрија, како и во земјоделството и сточарството во Македонија.

Николов укажа дека Предлог-измените ги имаат поднесено група пратеници од СДСМ, но нејасно е кој во суштина стои зад нив.

– Не верувам дека Владата стои зад овој предлог. Разговарав со вицепремиерот за економски прашања,а тој воопшто не знае дека постои ваков предлог – вели Николов и нагласува дека ако се озакони употребата на овие “опасни супстанции# тоа во рударската индустрија ќе придонесе до неможност да се произведе конечен производ.

И Максим Прохоров од “Саса” предупреди дека со донесувањето на измените рударството ќе биде доведено пред колапс.

Измените на Законот за минерални суровини предвидуваат забрана за употреба на цијаниди и други „опасни супстанци“, а како што предочија Николов и Прхоров, сите три рудници за олово и цинк во Македонија, “Тораница”, “Злетово” и “Саса” користат цијанид 30 години и притоа никој не е заболен.

Според нив во рударскиот сектор во Македонија се применуваат најдобрите технологии во светот.

– Она што повеќе загрижува што отворањето на новите рудници во Валандово и Иловица се кочи под изговор дека штетно ќе влијаат на животната средина, а во нивниот процес нема да се употребува цијаниди и опасни материи-реагираат од МАР.

Државата досега има дадено 13 концесии за експлоатација на метали, а вкупните површини на овие концесии се само 0,52% од вкупната површина на нашата земја. Останатите 313 концесии се за неметални минерални суровини, а 49 се концесии за вода.
Во согласност со постоечката законска регулатива, ниту еден од постојните и новоотворени рудници нема да можат да функционираат ако не поседуваат соодветна еколошка дозвола, а тоа е А-интегрирана дозвола.

– На овој начин рудниците се обврзани да ги почитуваат најстрогите норми за заштита на животната средина кои што ги предвидува македонското законодавство, но и она на ЕУ за што се подложни на ригорозни контроли од страна на надлежните институции – смета Николов и дополни дека во моментов рударската индустрија во земјава во своето работење имплементира највисоки светски стандарди со што се обезбедува ефикасност, заштита на животната средина, како и здравјето на своите вработени.