ИЈЗ: Најголем дел од хоспитализираните пациенти починале од ковид-19

Од ковид-19 досега во Македонија починале 5488 лица (заклучно со статистичките податоци од 21 јули 2021).

Во ковид-центрите биле примени 6.669 од почетокот на пандемијата. Сепак, новиот извештај на ИЈЗ вели дека од тие пациетни, вкупно 5.150 починале во болнички услови. Останатите починале дома. 

Со тоа, од болница оздравени излегле само околу 1500 луѓе. Најчеста причина за високата смртност кај пациентите кои беа на болничко лекување е што барале лекарска помош кога веќе било доцна и многу ризично.

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (4.521) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.179,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.400 смртни случаи кај лица од машки и 2.087 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.040 (73,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (3.222), дијабет (1.368) и белодробна болест (603). Регистрирани се 6 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 337 (6,2%) починале во вонболнички услови, а 5.150 (93,8%) починале за време на хоспитализација, се наведува во извештајот.

Извештајот е достапен ТУКА.