Игралиштето „Сокол“ во Карпош 1 доби нова заштитна мрежа

Општина Карпош започна со реконструкција на спортското игралиште „Сокол“ во Карпош 1. Денеска се постави нова заштита мрежа на јужната страна од теренот (позади голот, наспроти амбулантата), бидејќи постојната беше значително оштетена, информираат од општината.

Локалната самоуправа во иднина ќе го санира целосно ова игралиште, кое е популарно свртилиште за жителите од овој дел на Карпош, односно ќе постави нови столчиња на трибината, и ќе ги бојадиса металните конструкции на трибината, за да се заштити од корозија.

„Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, постојано нагласува дека инвестирањето во игралишта, спортски терени, создавање на спортско-рекреативни зони се еден од главните приоритети на локалната самоуправа, се со цел да се развие спортскиот дух кај младите, како и кај сите карпошани“, информираат од Општина Карпош.