Игнорирањето е уметност: Од едно уво влегло, а од другото излегло

Односите со другите луѓе носат среќа и задоволство, но често се извор на разочарувања. Од таа причина, за да го пронајдеме клучот на среќата, мораме да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесување на другите луѓе.

Дотолку повеќе, постојат случаи кога игнорирањето е работа на ментално здравје, затоа што нашиот однос кон она што се случува не ни дозволува да тргнеме напред и да го оствариме нашиот полн потенцијал. Прифаќањето на фактот дека и ние понекогаш имаме отровни врски е првиот чекор кон ослободување од замките во кои сами паѓаме. Игнорирањето е уметност! Игнорирањето не е облик на одмазда и не е начин некому да му се „набие“ комплекс, туку метод да за заштитите себеси.

Еве во кои три ситуации морате да ги игнорирате другите. 

Деструктивна критика

Ако критиката никогаш не ви помага, туку ве фрла во очај – треба да ја игнорирате. Не дозволувајте другите да ви судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди – заштитете се себеси.

Негативни постапки

Ако некој ви прави лоши работи, не дозволувајте нивното однесување да ви ја промени менталната состојба, затоа што тоа ќе значи дека си ја постигнале својата цел. Запомнете дека можете да навредите некого само доколку тој ви го дозволи тоа. Ако забележите дека некој се однесува несоодветно, едноставно свртете се и заминете што подалеку.

Манипулација

Постојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината со помош на емоционална манипулација. Бидете свесни за тие луѓе, избегнете дружење со нив... Ако научите да ги игнорирате нивните зборови, бидете сигурни дека сте научиле да живеете живот без стрес. 

Направете заштитна прекривка

Се навикнуваме на тоа да бидеме вознемирени или изнервирани од туѓото однесување. Таквата реакција е нормална и не може секогаш да бидеме смирени. Проблемот настанува кога тоа трае долго и почнува да влијае на вашето здравје.  За да научиме да ги игнорираме погоренаведените луѓе, потребно е да изградиме штит за нашата душа. Да не прифаќаме да прифаќаме сè. Прифаќаме дека личноста го кажала тоа што го кажала, но не прифаќаме да допре до нас тоа. 

Како што вели изреката: „Од едно уво влегло, од друго излегло!“

Таквата психолошка дистанца создава заштитен штит околу вас.