Идеја за ручек за викенд: Плескавици со месо и тиквички

Започна сезоната на тиквичките, кои во летните оброци се неизоставен дел и можат да се комбинираат на илјадници начини. 

Денешниот предлог е да ги употребите во вкусни плескавици, за кои ви е потребно:

Еден кромид
Една тиквичка
500 гр мелено месо 
Две лажици крем сирење
Една лажица лебни трошки
Три лажици масло
Лук, сол, бибер

Подготовка:

Изрендајте ја тиквичката и оставете содржината да се исцеди од вишокот течност. Кромидот исецкајте го најситно што можете. Потоа измешајте ги сите останати состојки и замесете ја смесата за плескавици. 

Обликувајте ги во големина каква што сакате, па пржете ги во врело масло по пет минути од секоја страна. 

Можете да ги послужите со свежа салата или да направите бургери со нив.