Ибин Емшиу: Во тетовскиот ковид центар ми бараа пари за лекување на брат ми

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот. Македонското издание на Deutsche Welle го пренесува негово сведоштво за кое тој добивал закани по животот. Фотографиите за оваа потреба ги направи Арбнора Мемети. 

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно." Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу. 

Тој живеел во Италија заедно со таткото и неподвижниот брат. Тие летово дошле во куќата во селото Синичане на годишен одмор, но се заразиле со коронавирус. Откако минале низ вистинска одисеја за воопшто да бидат примени во болница, и Ибин Емшиу морал да допатува во земјата за да се грижи за нив.

Целото сведоштво на Ибин Емшиу погледнете го во видеото на следниот линк.