Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески-Андреј од ДНК се годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ од Град Скопје за повеќе од 20-годишен придонес преку одржување на бројни хуманитарни концерти.
Велат дека оваа награда им е најзначајна.
- Ова е дефинитивно нашата најзначајна награда со оглед на тоа што градот Скопје ни ја додели во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни нашите синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти и се разбира, Вашата поддршка како во последниот период така и последните 21 година, порачаа од ДНК.
Во изјава за Скопје Инфо од ДНК велат дека скопјани се хумани граѓани.
- Да, скопјани се посебно хумани, но и останатите граѓани од Македонија. За жал живееме во такво општество каде сами ги решаваме работите и иако сме најсиромашен народ на Балканот имаме разбирање кога е најпотребно и делиме од тоа малку што го имаме. Поддршка имаме буквално од сите добри луѓе кои се во можност да помогнат. Во иднина не планираме да застанеме како на хуманитарен така и на музички план и да ја промовираме македонската поп музика, но и хуманоста токму за луѓето и нашите поддржувачи кои ни даваат дополнителен мотив низ сите овие 21 години наше постоење, порачаа добитниците на овогодинешната награда.
Фото: Тоне