И жителите на Карпош го креваат гласот, велат им пречи неконтролираната урбанизација на општината

Жителите на општината Карпош го креваат гласот за неконтролираната урбанизација на општината. Во фејсбук групата креирана за оваа намена тие велат дека револтот најпрво го изразуваат преку социјалните мрежи, а потоа најавуваат и протести.

Нивната цел е да го потсетат општинските инспектори и градоначалникот Стефан Богоев за неконтролираното градење во општината, а како пример за ова ги посочуваат зградите во близина на бензиската пумпа „Окта“ на  булеварот „Партизански одреди“.

Сакаме здрава животна средина за нас и нашите деца и освен права имаме и обврска да ја зачуваме и унапредиме, и должност да реагираме кога тоа право е загрозено.Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата се вели во фејсбук групата формирана за оваа намена.