
Жена од Кочани била мета на бајачки кои ѝ зеле накит и пари.
- На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.