„И за нафта за ЈСП да собереме донации“ - Бурни реакции за стариот проблем на скопјани со јавниот превоз

Не се знае дали ќе има јавен превоз во Скопје утре! За денеска има нафта, автобусите, иако со доцнење, сообраќаат низ главниот град. Од јавното претпријатие нема никакво официјално соопштение за утрешниот ден. Ниту од Град Скопје не се огласуваат за проблемот! 

Жителите на Скопје, особено оние кои зависат од јавниот превоз, за да стигнат на училиште или на рабоното место, револтирани што партиите се препукуваат на нивна штета. 

На „твитер“ го опсервираат проблемот. Некои велат да собереме донации за нафта за ЈСП, други велат дека проблемот нема да се реши додека политичарите не почнат да го користат јавниот превоз!