„И возачка без полагање, и дипломи да им даде државата“ - Јавноста во шок по протестите на дел од Ромите без возачки дозволи

Бура реакции во јавноста по синоќешните протести на групи граѓани од ромска припадност кои се побунија да возат возила без возачки дозволи. 

Незадоволството го искажаа со палење отпад и блокади поради незадоволство од од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со на возачките дозволи и одземањето на возилата. 

Жителите од битолската ромска населба велат дека не можат да најдат средства за возачка дозвола и дека „за да преживеат нивните сопрузи одат да збираат шишиња и старо железо, а полицијата им бара возачка дозвола“.

Граѓаните коментираат дека ова е тотално апсурдно! 

- Колку е труло. Протестираат затоа што сакале да возат автомобили без возачка, протестираат затоа што сакале да возат автомобили без да ги регистрираат, протестираат затоа што сакаат да возат над дозволеното и без да ги почитуваат сообраќајните правила. Овие лудаци околу нас, секојдневно ни ги загрозуваат животите. Колку деца умреа поради вакви? Замислете колку некој го распаднал системот во изминатите години, чим сме стигнале до таму некој да се бори за своето право да живее во анархија - како ѕвер на кој се му е дозволено, а не како човечко суштество со разум. Демократските институции се должни да го заштитат чесниот граѓанин, институциите треба да работат најмногу за оние кои плаќаат данок и ги почитуваат правилата. Овие мерки не се репресија, овие мерки се заштита на најрепресираната група во општеството - чесните луѓе кои ги почитуваат правилата! - пишува новинарот Љупче Златев.