И во услов на пандемија, скопјани ќе патуваат за Нова година надвор од границите

За разлика од претходните године, кога периодов веќе се тражеше место повеќе за патување надвор од границите, оваа година агенциите се со скромни и сиромашни понуди. 

Од туристичките агенции, овој пат нудат патување само за Турција - Истанбул, Кушадаси, Кападокија, Анталија. Цените почнуваат од 200 евра за Истанбул со автобуски превоз, па се до 400 евра во Кападокија со авион. 

И покрај услови на пандемија, некои сепак се одлучуваат Нова година да ја поминат во странство. 

Од туристичките агенции велат дека побарувачката е многу мала, но сепак може да се најде по некој заинтересиран. 

- Многу е лоша оваа година. Ние туристичките работници сме мртви, помош немаме речиси никаква. За Нова година има по нешто, но и тоа е минимално. Имаме само понуда за Турција. Нема споредба со претходните години. Се надеваме дека оваа година ќе биде само добро минато, а наредната дека ќе биде поуспешна и да надополниме и за оваа, велат од скопска туристичка агенција.