
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од земјата ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието може да достигне брзина до 40 километри на час.
Во Скопје претпладне се очекуваат сончеви периоди и облачност, а попладне во делови од котлината е можна појава на пороен дожд. Температурите ќе се движат приближно од 13 до 34 степени, зависно од регионот.