Ѝ се заканувал на невенчаната сопруга дека ќе ја убие доколку не му купи стан и кола - уапсен маж од тетовско

Вчера во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Д.(31) од тетовско.

-Полициските службеници постапиле по претходна пријава од неговата невенчана 36-годишна сопруга од Тетово, дека ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и кола, во спротивно ќе ја убие, информираат од СВР Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.