И покрај бројните апели, ѓубре и кабаст отпад се оставаат покрај контејнери

Во фејсбук-групата „Ѕид на комуналниот срам“ објавени фотографии кои ја прикажуваат реалната состојба со отпадот во градот, иако општините многупати повикувале на одговорно одложување на сметот, особено кабаст отпад.

Фотографиите се снимени на улиците Московска и Лондонска, кои припаѓаат на Општина Карпош. 

Ваквите слики се секојдневие, иако самата општина спроведува акција „Фрлај паметно, за чист Карпош“, со која точно е определено каде се наоѓаат пунктовите за различен вид отпад, а постојат и дежурни телефонски линии каде граѓаните може да исконтактираат доколку треба да исфрлат кабаст или електричен отпад и за тоа да добијат соодветни насоки.