И кучиња трагачи се вклучуваат во потрагата по Вања, вели нејзината мајка

Денес во потрагата ќе се вклучат и кучиња трагачи, за ,,Фокус” изјави Зорица Ѓоречвска, мајка на 14-годишната Вања, која е исчезната од вчера наутро, кога во 7.20 часот тргнала на училиште. Во школото не стигнала, а мобилниот телефон и е исклучен од 7.34 часот вчера.

-Се уште нема ништо, интензивно се бара, вели мајката.

Како што истакна таа претходно полицијата цела ноќ активно ила вклучена во потрагата по Вања, а биле проверувани и надзорните камери. Предмалку беше додадена и на официјалната страна за исчезнати лица во земјава.

ЃОРЧЕВСКА ВАЊА - татко Александар, мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.