И дома може да биде забавно: Подготовки за Онлајн ЕКО маскенбал

Дали ја направивте вашата ЕКО маска за ОНЛАЈН ЕКО маскенбалот во организација на Рамстор мол, Пакомак и Шпаркасе Банка? 

Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на ЕКО маските со вашите најмили, сега е вистинско време да започнете бидејќи наближува изборот на најкретивните ЕКО маски!

Фотографиите од изработените маски од матeријали кои што се рециклираат како што се пластика, најлон, хартија и слично, ќе може да ги испратите во инбокс на фејсбук профилот на Рамстор мол на 1 април.

Албумот со фотографиите од вашите маски ќе биде објавен на фејсбук профилот на Рамстор мол на 2 април и ќе и биде достапен за лајкување на пошироката јавност до 5 април..

Трите фотографии со најмногу лајкови ќе  освојат штедни влогови од 9000 денари за прво место, 6000 денари за второ место и 3000 денари за трето место, за детско штедење „Медо Штедо“ во Шпаркасе Банка Македонија, а истите ќе бидат објавени на фејсбук прфилот на Рамстор мол на 6 април.

Грижете се за вашето здравје и останете безбедни. Разбудете ја креативноста на вашите најмали, внесете им забава во секојдневието и бидете дел од првиот онлајн  ЕКО маскенбал.