Хуманоста се гледа во најтешките моменти - храна за најранливите граѓани

Изминатиов период голем број граѓани од социјално ранливи категории, добиваат топли оброци на неколку локации во Скопје. 

Имено, Х.О. „Свети Спас“ секојдневно обезбедува и дели храна на граѓаните кои се во лоша материјална состојба. На социјалната мрежа „Твитер“, споделена е објава на која граѓаните се информираат на кои локации и во колку часот може да се подигне топол оброк.  Па така, во Црквата „Св. Спас“ Драчево, делењето на оброци е од 13 часот, во врквата „Св. Никола“ Аеродром, делењето е од 14 часот, во Црквата „Св. Петар и Павле“ делењето е од 15 часот.