Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро за децата без родители

Во организација на членовите на велосипедскиот клуб „Macedonian Bike riders“, а во соработка со Здружението на граѓани „СОС Детско село“ утре ќе се одржи хуманитарна кружна тура со велосипеди околу Охридското Езеро во должина од 92.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во акцијата, да бидат дел од хуманитарниот настан и да донираат средства за помош на децата и младите поддржани од „СОС Детско село“.

Предвидено е со средствата обезбедени од настанот да се финансира летен одмор за 60-тина деца без родителска грижа токму на Охридското Езеро. Донациите можат да се извршат на линкот https://sos.org.mk/bidihuman