Хуманитарна предновогодишна забава во сабота во Аеродром

Општина Аеродром, Capitol Mall и Rotary Club Aerodrom  организраат хуманитарна предновогодишна забава, која ќе се одржи на 27 декември (сабота) со почеток во 11:00 часот.

За најмладите ќе има богата и весела програма:

- настап на детскиот хор „Поточиња“

- танчерска изведба на Балетското студио „Лебед“

- музички настап на Пајак.

- Настанот е од хуманитарен карактер и има за цел да донесе радост и да придонесе за подобро секојдневие на децата, преку собирање средства за дечињата со атипичен развој од здружението „Ареола“- Аеродром.Ве покануваме да ни се придружите и заедно да создадеме незаборавни моменти и насмевки за сите деца, велат од локалната самоуправа.