Хуман гест за пофалба: Учениците и наставниците од училиште во Аеродром донираа средства за дечињата кои немаат оброк

Фејсбук страната „Проект среќа“ денес објави вест за убав пример на филантропија и хуманост. Станува збор хуман и позитивен гест на децата и наставниците од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Аеродром кои собрале средства и донирале за дечињата кои не можат да си дозволат оброк. 

„Аплаузот денес оди кај децата и наставниците од 4-3 од ОУ Ѓоргија Пулевски, Аеродром, кои донирале за оброк за нивните врсници кои немаат да си дозволат за оброк“, се вели во денешната фејсбук објава.