Христовски: Јовановски со години користел службено возило и за лични приватни цели

Директорот на ЈП „Градски паркинг-Скопје“, Бојан Христовски се огласи откако советникот од Демократскиот Сојуз Славче Јовановски вчера на седница на Советот на Град Скопје го обвини за, како што кажа Јовановски, „лов на вештерки“.

Христовски вели дека нервозата произлегува најверојатно бидејќи од пред два дена возилото му е одземено и сега треба да се вози во своја приватна кола.

-Мојот “лов на вештерки” во ЈП Градски паркинг - Скопје, улови дека ова лице како вработено во институцијата што ја раководам, изминативе години како раководител на сите паркинзи во претпријатието имал на користење службено возило 24/7, кое го користел и за свои лични приватни цели. Нервозата произлегува најверојатно бидејќи од пред два дена возилото му е одземено и сега треба да се вози во своја приватна кола.  И не е само тоа. Набрзо ќе бидат јавно објавени и други злоупотреби, вели Христовски. 

Директорот Христовски уште еднаш нагласи дека тоа што го ветил дека ќе го реализира, среди и ќе стави ред во функционирањето на претпријатието.