Храна која ни ја одзема енергијата

Многу фактори влијаат на нашето ниво на енергија, но еден од нив е поврзан и со нашата исхрана.

Photo by Enoc Valenzuela on Unsplash

Бел леб, паста и ориз

Преработените зрна кои се наоѓаат во белиот леб, како и пастата и белиот ориз можат да предизвикаат големи нарушувања на нивоата на енергија во текот на денот. Тоа се должи на тоа што еден слој од зрнестите плодови се отстранува за време на преработката, па така недостасуваат природните влакна кои ни се важни, а кои на пример, можат да се најдат кај целозрнестиот леб и сличните производи. Токму затоа и белиот леб предизвикува брзо покачување на шеќерот во крвта и намалување на енергијата. 

Брза храна

Брзата храна содржи многу малку хранливи материи, а од друга страна има многу масти и ниско ниво на природни влакна, два фактори кои предизвикуваат бавно варење на храната. Тоа пак понатаму придонесува кон намалување на енергијата во нашето тело. Освен тоа, оваа храна не содржи никакви минерали и витамини, што значи дека на никаков начин не му помага на нашето тело, освен во заситувањето на гладта. 

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци за многу луѓе се важен додаток во исхраната, но тие се штетни за нашето здравје и не ја зголемуваат нашата енергија, туку не уморуваат дополнително. Освент тоа, газираните пијалоци имаат негативно влијание на нашиот мозок, што може да доведе до губење на фокусот, слаба концентрација, па дури и Алцхајмерова болест кај некои луѓе. 

Алкохол

Алкохолот не е храна но е значаен дел од нашето секојдневние. Тој помага да се релаксираме по долг и напорен ден и да се опуштиме додека сме со пријателите. Но, алкохолот има негативно влијание на квалитетот и должината на нашиот сон, предизвикувајќи нарушување на спиењето во текот на ноќта и така влијае на нашата енергија во текот на денот. 

Малото количество алкохол не предизвикува големи промени во енергијата, но кога пиеме повеќе од 2 чаши алкохол, тоа значајно влијае на нашата енергија.