Храна која го содржи моќниот витамин Б7

Ова е еден од најважните витамини за нашето здравје и убавина.

Тој е познат и како биотин и е лесно растворлив во вода. Особено му е важен на телото за претворање на мастите, протеините и јаглените хидрати во енергија. Има големо влијание и на физичката кондиција, енергијата и фокусот. Биотинот исто така е важен и за одржување на нивото на шеќер во крвта, па е корисен за дијабетичарите кои имаат ниско ниво на овој витамин. Покрај здравјето, важен е и за кожата, косата и ноктите. 

Симптомите кои најчесто укажуваат на недостаток на витамин Б7 се чувство на замор, болка во мускулите, слаба концентрација и нагли промени во расположението. 

Ова се пет намирни кои содржат витамин Б7, витамин кој одлично влијае на убавината, здравјето и расположението.

Јајца

Јајцата се богати со протеини и широк спектар на аминокиселини. Сепак, треба да обрнете внимание тие да се органски јајца кои се корисни за нашето здравје.

Лосос

Освен омега 3 масните киселини кои се многу корисни за нашето здравје, овој вид риба содржи и биотин кој го намалува ризикот од инфекции, штити од деменција и ги одржува нашите здравје и кожа во добра состојба.

Бадеми

Бадемите содржат 1.5 мг од овој витамин. Освен тоа, витамините се богати и со магнезиум, витамин Е и природни влакна кои се одлични за одржување на нашето здравје. Така, тие се одлична ужинка, односно намирница која може да ве засити, а е здрава и корисна за здравјето.

Домати

Доматите се една од нашите омилени намирници за салата и тие се богати со ликопен, витамини и минерали, а еден од нив е и биотинот. Само една чинија домати содржи 7.20 мкг биотин и тоа покрива околу 25% од дневно препорачаната доза од овој витамин.

Малини

Малините се овошје кое е особено богато со антиоксиданти, како и повеќе витамини. Една мала чинија малини содржи околу 0.2-2 мкг биотин што е околу 8% од дневно препорачаната доза.